Почнува идентификацијата на земјишните парцели

Bez autora
May 31 2011

Министерството за земјоделство идниот месец ќе почне со имплементирање на Системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП). Системот како основа користи авионски снимки со кои е покриена целата територија на државата. СИЗП служи за идентификување на парцелите што земјоделеците тековно ги обработуваат и претставува основна алатка за администрирање и контрола преку која ќе се врши проверка на барањата на фармерите за добивање финансиска поддршка од националниот буџет и од ЕУ-фондовите. СИЗП е воедно и предуслов за пристапување на Македонија во ЕУ. Регистрирањето во Системот е задолжително за сите земјоделци кои бараат субвенции. За нивно подобро информирање околу целта и начинот на евиденција МЗШВ ќе спроведе медиумска кампања во електронските и печатените медиуми.

Почнува идентификацијата на земјишните парцелиМинистерството за земјоделство идниот месец ќе почне со имплементирање на Системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП).

Системот како основа користи авионски снимки со кои е покриена целата територија на државата.

- СИЗП служи за идентификување на парцелите што земјоделеците тековно ги обработуваат и претставува основна алатка за администрирање и контрола преку која ќе се врши проверка на барањата на фармерите за добивање финансиска поддршка од националниот буџет и од ЕУ-фондовите. СИЗП е воедно и предуслов за пристапување на Македонија во ЕУ - велат од Министерството.

Регистрирањето во Системот е задолжително за сите земјоделци кои бараат субвенции. За нивно подобро информирање околу целта и начинот на евиденција МЗШВ ќе спроведе медиумска кампања во електронските и печатените медиуми. Веќе се подготвени и печатени материјали во вид на брошури наменети за производителите каде конкретно е објаснето што значи СИЗП, зошто е потребно да се воспостави, кои се неговите цели и придобивки. Информативните материјали земјоделците ќе можат да ги добијат во подрачните единици на Министерството за земјоделство и во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. За детално информирање е изготвена и посебна веб-страница њњњ.сизп.гов.мк.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik